НОРМАЛНО ТЕЧЕ ТРАНСПОРТОТ НА СТОКА, ХРАНА И ЛЕКОВИ, СЀ Е ИСТО КАКО ВЧЕРА, ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА НЕ ДОНЕСЕ НОВИ МЕРКИ

    НОРМАЛНО ТЕЧЕ ТРАНСПОРТОТ НА СТОКА, ХРАНА И ЛЕКОВИ, СЀ Е ИСТО КАКО ВЧЕРА, ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА НЕ ДОНЕСЕ НОВИ МЕРКИИ денес се е исто, животот си продолжува како и вчера кога немаше вонредна состојба, кажа техничкиот премиер Оливер Спасовски

    Нема ограничување во слободата и слободното движење на граѓаните, и денес се е исто, животот си продолжува како и вчера кога немаше вонредна состојба, кажа техничкиот премиер Оливер Спасовски. Во сила остануваат истите мерки што ги донесе претходно Владата, нови нема.

    Тој кажа дека нормален е протокот на стока, прехранбени продукти и лекови.

    Исклучок се само Дебар и Центар Жупа, зашто тие се утврдени жаришта на корона вирусот и таму имаме прогласено кризна состојба.

    Она што е различно од вчера, рече министерката за правда Рената Дескоска, е дека Владата може да носи уредби со сила на закон, како и да менува закони донесени од Собранието. Како професорка по уставно право таа предупреди дека уставот забранува дискриминација во вонредна состојба по сите основи и ги прочита на денешниот прес.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира