НОСЕТЕ ШАРЕНИ ЧОРАПИ И ШАРЕНИ НОКТИ, ДЕНЕСКА Е СВЕТСКИ ДЕН НА ДАУНОВИОТ СИНДРОМ

    НОСЕТЕ ШАРЕНИ ЧОРАПИ И ШАРЕНИ НОКТИ, ДЕНЕСКА Е СВЕТСКИ ДЕН НА ДАУНОВИОТ СИНДРОМ

    Годинашното одбележување на Светскиот ден на Дауновиот синдром 21 Март во Македонија ќе биде вечерва во Кинотеката во Скопје, каде ќе се одржат неколку настани под мотото „Мој глас, моја заедница“ (#MyVoiceMyCommunity) – оспособување на луѓето со Даунов синдром да проговорат, да бидат чуени и да влијаат на владините политики и дејствувања, да бидат целосно вклучени во заедницата. Организаторите од Центарот за Даунов синдром ги повикуваат сите што ќе дојдат вечерва да облечат шарени чорапи и да излакираат шарени нокти за да покажат солидарност со лицата со Даунов синдром.

    Со почеток од 19 часот, во Кинотеката во Скопје ќе бидат промовирани неколку кратки видео записи и ќе се отвори изложбата фотографии „Нераскажани приказни“ на фоторепортерот Огнен Теофиловски. Ќе биде презентирано и видеото на УНИЦЕФ во кое се јавува фармацевтскиот техничар со Даунов синдром Нина Костовска.

    „Во 2017 година, сите заеднички треба се фокусираме на оспособување на луѓето со Даунов синдром (и нивните гласноговорници) да проговорат, да бидат чуени и да влијаат на владините политики и дејствувања, да бидат вклучени, целосно и на еднакви основи со другите, во сите аспекти од општеството“, велат од Центарот за Даунов синдром.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира