НОТАРОТ И БИВШ ПРАТЕНИК НА ПДП НАСЕР ЗИБЕРИ, ПРОМОВИРАН ОД АХМЕТИ КАКО КАНДИДАТ ЗА ПРЕМИЕР

    НОТАРОТ И БИВШ ПРАТЕНИК НА ПДП НАСЕР ЗИБЕРИ, ПРОМОВИРАН ОД АХМЕТИ КАКО КАНДИДАТ ЗА ПРЕМИЕРЗибери рече дека го прифатил предлогот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, откако тој му кажал дека е непартиски кандидат за прв премиер - Албанец во Македонија, но не кажа како би се извело тоа без апсолутна победа на ДУИ на изборите на 15 јули. (Фото: ДУИ)

    Нотарот Насер Зибери, поранешен пратеник на Партијата за демократски просперитет која сега не постои, бивш министер во владата на Бранко Црвенковски и политички аналитичар, е натпартискиот кандидат на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) за прв Албанец премиер во Владата. ДУИ него денеска го промовираше во Преспа, со што истовремено партијата ја почна предизборната кампања.

    „По интензивните консултации со граѓанското општество, со академскиот свет, со стручното и креативно мислење, стигнавме до обединувачко име на кандидатот за прв Албанец-премиер, а тоа е Насер Зибери. Тој ги има сите доблести да ја води извршната власт на земјата кон полна еднаквост“, кажа лидерот на ДУИ, Али Ахмети на конвенцијата.

    Зибери раскажа како ја прифатил понудата од Ахмети, чија партија тој често ја критикуваше, особено кога беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

    Ахмети ме извести дека се консултирал со многу почитувани луѓе, со граѓанското општество и академијата и оти моето име било меѓу номинираните како натпартиски кандидат. Искрено, бев изненаден и секако, се чувствував ценето“, рече Зибери.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира