НОВ ЗЕМЈОТРЕС БЛИЗУ ГОСТИВАР ОД 4,9 СТЕПЕНИ, НАЈСИЛЕН ПО СЕРИЈАТА ПОСЛАБИ ЗЕМЈОТРЕСИ ОД УТРИНСКИОТ

    НОВ ЗЕМЈОТРЕС БЛИЗУ ГОСТИВАР ОД 4,9 СТЕПЕНИ, НАЈСИЛЕН ПО СЕРИЈАТА ПОСЛАБИ ЗЕМЈОТРЕСИ ОД УТРИНСКИОТНа подрачјето кај Маврово Ростуше забележана е засилена сеизмичка активност-Мапата на Американската агенција за геолошки истражувања со денешна ситуација.

    Нов земјотрес со јачина од 4,9 степени по Рихтеровата скала е регистриран  попладнево во 15.25 часот во близина на Гостивар. Епицентарот според податоците на Европско-медитаранскиот сеизмолошки центар бил на 19 километри југозападно од Гостивар, на 10 километри длабочина.

    Утрово имаше земјотрес со јачина од 5 степени со епицентарот на 8 километри југозападно од Вруток, Гостиварско, поточно кај Мавровското Езеро. Оттогаш следуваа неколку помали земјотреси.

    Посилните земјотреси беа почувствувани на поширока територија во Македонија и делови од Албанија, како и во главниот град Скопје.

    Нема пријавено материјална штета.

    На социјалните мрежи се споделуваат слики од одрон на патот Долно Косоврасти – Дебар, но засега редакцијата не може да ја потврди автентичноста на фотографиите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира