НОВА ГЕНЕРАЦИЈА ЛЕКОВИ И РЕДОВЕН СКРИНИНГ ЗА ХЕПАТИТИС Ц, ПОБАРА ЗДРУЖЕНИЕТО „ХЕПАР ЦЕНТАР БИТОЛА“

    НОВА ГЕНЕРАЦИЈА ЛЕКОВИ И РЕДОВЕН СКРИНИНГ ЗА ХЕПАТИТИС Ц, ПОБАРА ЗДРУЖЕНИЕТО „ХЕПАР ЦЕНТАР БИТОЛА“

    Да се воведе нова генерација лекови и редовен скрининг за хепатит Ц, денес побара здружението „Хепар центар Битола”, кое во трговскиот центар „Рамстор“ спроведе акција за бесплатно тестирање за овој вирус по повод Светскиот ден на хепатитисот. Милан Мишковиќ од здружението „Хепар центар Битола“, вели дека во земјава расте бројот на болни од Хепатит Ц, иако нема официјална точна бројка. Тој објаснува дека според проценките на Светската здравствена организација во земјава околу еден процент од населението страда од оваа болест.

    „Бараме државата да ни обезбеди од новата генерација лекови, кои веќе се користат во целиот свет и кои се многу успешни во лекувањето на оваа болест. Лековите што сега кај нас се користат за неколку години во светот веќе нема да се произведуваат. Бараме да се воведе и редовен скрининг, бидејќи многу заболени воопшто не се дијагностицирани, а многу е битно и навреме да се открие”, рече Мишковиќ.

    Бесплатните тестови за хепатит Ц, со кои денес се вршеше тестирање во Рамстор, здружението ги обезбедило од донација.
    „Често правиме вакви акции за да ја зголемиме свесноста кај луѓето, оти нелекуван хепатит Ц може да направи многу компликации меѓу кои и рак на црн дроб”, вели Мишковиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира