НОВИ 29 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19, ВКУПНИОТ БРОЈ ВО ЗЕМЈАВА Е 114

    НОВИ 29 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19, ВКУПНИОТ БРОЈ ВО ЗЕМЈАВА Е 114На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов се хоспитализирани 24 пациенти. (Фото:K. Попов )

    Во изминатото деноноќие се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата, и со ова бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 114, објави министерот за здравство Венко Филипче.  По градови, новорегистрираните пациенти се од Скопје (22), Штип (3), Дебар (2), Куманово (1) и Охрид (1).

    Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (65), Дебар (36), Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2), Гостивар (1), Куманово (1).

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов се хоспитализирани 24 пациенти. 7 пациенти се континуирано на третман со кислород, 11 се веќе во стабилна – добра здравствена состојба.

    Утре, по истекот на 14 дена од поставување дијагноза, кај 6 пациенти ќе се зема контролен брис. Од нив 5 се во добра состојба, а кај пациентката кај која имаше влошување нема промена на состојбата и таа сѐ уште е на респираторна машина. Пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите, велат од министерството.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира