На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, неколку часа по приемот во болница, почина маж од Лабуништа (Струга) на 63-годишна возраст донесен на клиниката со тешка клиничка слика, објави Министерството за здравство.
За 24 часа регистрирани се 72 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје – 14, Куманово -21, Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7.
Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 74 пациенти, 15 со тешка клиничка слика, 11 на механичка вентилација, другите пациенти се стабилни.
Од оваа клиника, со два контролни негативни теста, денес си заминуваат 3 пациенти.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 555 лица, од кои 23 излечени и 18 починати. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
Скопје – 235
Куманово -114
Дебар – 49
Штип-19
Прилеп – 33
Тетово – 29
Струга – 24
Велес – 10
Битола – 6
Охрид – 3
Кавадарци – 2
Гостивар – 4
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка- 2
Радовиш -3
Крушево – 2
Кочани – 14
Во изминатото деноноќие направени се 371 тестови. Од нив преку ИЈЗ- 285, преку Ветеринарен факултет – 7, Авицена – 0, Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 55. Досега во земјата се направени 5.291 тестирања на КОВИД-19.