Во последните 24 часа се регистрирани се 81 нови случаи на ковид-19 од направени 5.315 тестирања, соопшти Министерството за здравство.
Новите случаи се од: Скопје – 27, Тетово – 25, Куманово – 9, Гостивар – 7, Кавадарци, Кичево, Дебар и Пехчево – по 2, Битола, Струмица, Струга, Берово и Валандово – по 1.
Денеска не се регистрирани починати пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 976.710 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.380 бројката на оздравени пациенти е 150.362, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 525.
Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни случаи има во Скопје – 171, а потоа следуваат Тетово – 135 и Куманово – 59 .