НОВИ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТРИ, ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА, МРТВ И КУЛИТЕ ЏЕВАИР ВО СКОПЈЕ

    НОВИ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТРИ, ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА, МРТВ И КУЛИТЕ ЏЕВАИР ВО СКОПЈЕЕкипи на МВР ги оградија, односно тампонираа влезовите на моловите, меѓу кои и ГТЦ. (Фото: СДК.МК)

    По вчерашните дојави за бомби во 33 основни и неколку средни училишта (во смена на матурантите), денеска мејлови за поставена експлозивна направа стигнале во најголемите трговски центри во Скопје. Околу 19,30 часот, МВР соопшти дека со проверките се утврдило оти сите дојави се лажни.

    Во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 12 средни училишта,како и на МРТВ, Транспортен центар, ГТЦ, Џеваир сити, „Ист гејт“ и „Сити мол“, стасале закани по мејл за поставени бомби.

    Екипи на МВР ги оградија влезовите на моловите, се пребаруваа евентуални поставени експлозивни средства, откако претходно безбедно се евакуирани персоналот и купувачите.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира