НОВИ СУДИЈКИ ЌЕ ОДЛУЧУВААТ ОДНОВО ЗА ПРИТВОРОТ НА КОЧАН

    НОВИ СУДИЈКИ ЌЕ ОДЛУЧУВААТ ОДНОВО ЗА ПРИТВОРОТ НА КОЧАНКривичниот совет во Основниот суд Скопје 1 кој му одреди мерка притвор на Кочан, што потоа ја потврди Апелациониот суд Скопје, со новиот распоред од претседателот Стојанче Рибарев, веќе не постои. - Основниот суд Скопје 1 (Фото: СДК.МК

    Судијките Моника Бахчовановска, Сафија Лаличиќ и Љубинка Башевска ќе одлучуваат повторно за притворот на осомничениот бизнисмен Сеат Кочан, откако Врховниот суд на чело со претседателот Јово Вангеловски во петокот му го укина, а тој веднаш го прекина бегството и се врати дома.

    Сеад Кочан, првоосомничен во случајот „Труст“ на СЈО, од вчера е во Кардиолошката клиника во Скопје, каде бил задржан на прегледи и испитувања. Дошол со брада, во придружба само на сопругата.
    Кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1 кој одлучи да му одреди мерка притвор на Кочан, што потоа ја потврди Апелациониот суд Скопје, со новиот распоред од претседателот Стојанче Рибарев, веќе не постои. Според новиот, за жалбата на СЈО ќе одлучува нов кривичен совет, во состав на Бахчовановска, сопруга на висок функционер од ВМРО-ДПМНЕ, потоа Лаличиќ, која ја имаше во прислушуваните разговори и Љубинка Башевска, судијката која го водеше случајот „Пуч“ и одбиваше да го викне единствениот сведок на СЈО, експремиерот Никола Груевски, и која го одложи случајот на неопределено време.

    Врховниот суд во соопштението што го испрати пред малку, наведува дека во петокот Врховниот суд ги укинал решенијата на Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 Скопје и Кривичниот совет на Апелационен суд Скопје за мерката притвор на Сеад Кочан. Судиите од пониските судови, тврди Врховен, ги повредиле законите кога на Кочан му одредиле притвор.

    „По вака донесената пресуда, Кривичниот совет на Основен суд Скопје ќе треба да одлучува по жалбата на СЈО, поднесена против решението на судијата во претходна постапка, со кое е одбиен предлогот за определување на мерка притвор. Причините за ваквата одлука се повредите на законите од страна на пониските судови, кои се содржани во образложението на пресудата на Врховниот суд на Република Македонија, која ќе биде објавена на веб страната на судот“, се наведува во соопштението на Врховниот суд.

    Одлуката ја донел петчлен кривичен совет чиј претседател е Јово Вангеловски. Таа е донесена по поднесеното Барање на заштита на законитоста од државниот обвинител Марко Зврлевски.
    Никаде во соопштението не се спомнува петчлен кривичен совет на Врховниот суд, туку пишува дека одлуката е на Врховниот суд.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира