НОВИНАРИТЕ СЕ ПЛАШАТ ДА ЗБОРУВААТ И 70 ОТСТО БИ ЈА НАПУШТИЛЕ ПРОФЕСИЈАТА, ПОКАЖУВА ИСТРАЖУВАЊЕТО ЗА СОСТОЈБАТА НА НОВИНАРСТВОТО ВО РЕГИОНОТ

    НОВИНАРИТЕ СЕ ПЛАШАТ ДА ЗБОРУВААТ И 70 ОТСТО БИ ЈА НАПУШТИЛЕ ПРОФЕСИЈАТА, ПОКАЖУВА ИСТРАЖУВАЊЕТО ЗА СОСТОЈБАТА НА НОВИНАРСТВОТО ВО РЕГИОНОТСпоред новинарката Билјана Секуловска, една од авторите на истражувањето, прва причина зошто 70 проценти од новинарите во регионот би ја смениле професијата е ниските плати, додека на второ место е цензурата во редакцијата (Фото: МИА)

    Новинарите се исплашени да зборуваат, исплашени дека ќе ја изгубат работата и 70 отсто од нив би ја напуштиле професијата за некоја друга работа, покажува истражувањето за состојбата на новинарството во регионот „Невидливо насилство: Стории од редакциите”, спроведено во Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора. Според новинарката Билјана Секуловска, една од авторите на истражувањето, прва причина зошто 70 проценти од новинарите во регионот би ја смениле професијата е ниските плати, додека на второ место е цензурата во редакцијата.

    „Главното прашање во истражувањето беше дали новинарите можат да се занимаваат со својата работа. Прашањето е комплексно и има две причини, пред сѐ има политички притисоци, притисоци во редакциите од страна на уредниците, сопствениците, а на прес-конференции од политичарите“, рече Секуловска.

    Истражувањето покажало дека новинарите не можат да работат во нормални услови и да земаат достоинствени плати. Тоа го покажуваат одговорите на новинарите од регионот на прашањето што е новинарот денес?. „Новинарите се рудари што работат за да преживеат“, „Новинарот (во Србија) е застрашен и послушен“, „Новинарот секојдневно се бори со ветерници“, „Новинарот е борец против цензура, автоцензура и притисоци од сите страни“. „Новинарот е синдикалец“, се дел од одговорите на новинарите.

    Драган Секуловски од ЗНМ рече дека според податоците има процесуирано нула случаи за физички напади врз новинари, нула случаи за цензура, нула случаи за говор на омраза и нула случаи за мобинг, и тоа најдобро го покажува односот на власта во Македонија кон загрозеноста на новинарите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира