НОВИНАРКАТА НА СДК.МК СОЊА ДЕЛЕВСКА ЈА ОСВОИ ПРВАТА НАГРАДА НА УНХЦР ЗА СЕРИЈА ТЕКСТОВИ ЗА БЕГАЛЦИТЕ И ЛИЦАТА БЕЗ ДРЖАВЈАНСТВО

    НОВИНАРКАТА НА СДК.МК СОЊА ДЕЛЕВСКА ЈА ОСВОИ ПРВАТА НАГРАДА НА УНХЦР ЗА СЕРИЈА ТЕКСТОВИ ЗА БЕГАЛЦИТЕ И ЛИЦАТА БЕЗ ДРЖАВЈАНСТВОНаградата на новинарката на СДК.МК ја додела претставничката на УНХЦР Моника Сандри - Фото: М. Илиоски

    Новинарката на САКАМДАКАЖАМ.МК Соња Колевска Делевска ја освои првата награда за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство.

    Нашата дигиталната редакција минатата и оваа година објави серија текстови на Делевска за 19-годишно момче од скопско Шуто Оризари кое почина без извод и здравствена книшка.

    Наградата ја доделува Македонското здружение на млади правници во соработка со Здружение на новинарите на Македонија и УНХЦР-Скопје.

    Втората награда ја доби Валентина Стојчевска од „Фокус“ за написот „ЖИВОТ ВО КАФЕЗ -Државата не го брои Судахан во живите, но го ‘оживеа’ само кога требало да го пикне зад решетки!”. Третата награда му припадна на Дарко Штаргоски од „Инфо Компас“ за мултимедијалниот производ „За добивањето на државјанство во Македонија чекаат и по 15 години – скратени им се огромен број права“.

    Наградите на свеченост во Скопје ги додели претставничката на УНХЦР во Северна Македонија, Моника Сандри.

    „Денеска сме тука да им оддадеме почит на тројца големи новинари – Соња Делевска од Сакам да кажам, Валентина Вурмо од Фокус и Дарко Штаргоски од ИнфоКомпас, кои беа потресени од тешката реалност со која се соочуваат лицата без државјанство во македонското општество, без пристап до основните човекови права. Нивните стории ни помагаат во борбата да го искорениме бездржавјанството што поскоро, дури и пред рокот зададен за целиот свет – 2024 година. За секој човек да може да каже: „Јас припаѓам“, рече претставничката на УНХЦР Моника Сандри.

    Таа рече дека „квалитетното новинарство слуша и им дава глас на безгласните. Прави притисок и помага да се промени нивната реалност. Менува животи. Дури и спасува животи“ и им се заблагодари на добитниците на наградата затоа што ги нашле сториите на луѓето кои инаку би останале подалеку од очите на јавноста.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира