Професорот од Правниот факултет Драги Рашковски, кој денеска беше назначен за генерален секретар на владата на Зоран Заев, во декември 2014 година беше еден од 200-те потписници на иницијативата за поддршка на државниот испит за студентите, кој што сакаше да го воведе владата на Никола Груевски.
Од ноември 2014 до февруари 2015 имаше големи студентски протести и прогласување автономна зона на факултетите од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ против воведувањето на државниот испит за студентите, а Студентскиот пленум доби поддршка од дел од професорите, кои се организираа во Професорски пленум.
По речиси четири месеца протести и окупација на факултетите, тогашниот премиер Никола Груевски ги повика претставниците на Студентскиот и Професорскиот пленум во својот кабинет и по средбата со нив ги повлече измените на Законот за високо образование со кои требаше да се воведе екстерното тестирање за студентите.