СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА СУДОВИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СУД МОЖЕ ДА БИДЕ РАЗРЕШЕН АКО ГО МЕСТИ РАСПОРЕДОТ НА СУДИИТЕ

    СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА СУДОВИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СУД МОЖЕ ДА БИДЕ РАЗРЕШЕН АКО ГО МЕСТИ РАСПОРЕДОТ НА СУДИИТЕЗаконите за судови и за Судски совет се дел од рефрмскиот пакет кој беше договорен заедно со опозицијата. - Координаторите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Томислав Тунтев и Драган Данев се поздравуваат денеска во Собранието (Фото: СДК.МК)

    Собранието ги донесе измените на Законот за судови, на Законот за Судски совет и Законот за високо образование.

    Законите за судови и за Судски совет се дел од рефрмскиот пакет кој беше договорен заедно со опозицијата.

    Со измените на законот за судови, предвидено е судија да може да одговара дисциплински ако неоправдано не ги закажува судските рочишта по предметите, ја одложува постапката или не го зема предметот да го работи па може да дојде до одложување или до застареност на кривичното гонење.

    Претседател на суд да може да биде разрешен кога Судскиот совет ќе утврди дека не ги применил одредбите за распределба на судските предмети. Претседателот на суд може да биде разрешен ако неправилно ги применил одредбите или ги злоупотребил за годишниот распоред за работа на судиите.

    По ново, судија може да биде разрешен и ако обелодени во јавноста доверливи информации што ги дознал постапувајќи по предметите.

    Со измените, Врховниот суд има рок од 6 месеци да даде правно мислење по сопствена иницијатива, по иницијатива на претседател на суд, на судии или на адвокати за единствена примена на законите. Мислењата ќе се објавуваат на веб страницата на Врховниот суд.

    Во Закон за Судскиот совет, со измените е предвидено дека член на Советот додека му трае мандатот, не може да биде избран за судија, за судија во повисок суд или за претседател на суд, и може да биде тргнат од функцијата ако против него има обвинителен акт.

    Собранието на денешната седница го донесе и Законот за високо образование.

    Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев рече дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за законот, бидејќи не бил прифатен ниту еден нивен амандман.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира