НУЛАНД ДОАЃА ДА ОСИГУРА УСЛОВИ ЗА ЛЕГИТИМНИ ИЗБОРИ И ВЛАСТ БЕЗ СКАНДАЛИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НУЛАНД ДОАЃА ДА ОСИГУРА УСЛОВИ ЗА ЛЕГИТИМНИ ИЗБОРИ И ВЛАСТ БЕЗ СКАНДАЛИ

    Специјалната обвинителка Катица Јанева е прва на списокот официјални лица со која ќе има средба помошникот државната секретарка на САД за европски и за евроазиски прашања Викторија Нуланд, денес во Скопје, неофицијално дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Викторија Нуланд денеска треба да се сретне и со политичките лидери на 4-те партии потписнички на Договорот од Пржино, како и со претставници на граѓанското општество, со кои ќе разговара за билатерални и за регионални прашања, како и за потребата од решавање на политичката криза, поддршка за работата на Специјалното јавно обвинителство и од создавање услови за веродостојни избори.

    Помошникот државна секретарка на САД нема да се сретне ниту со премиерот Емил Димитриев ниту со претседателот Ѓорге Иванов.

    Нуланд последен пат беше во Скопје точно пред една година, лани на 13 јули, и тогаш истакна дека САД и ЕУ работат да ги доближат сите страни на политичката криза околу пакетот за разбирање што ќе и овозможи на Македонија „да се врати на одбраниот пат кон евроатланската интеграција за растеж, за добра чиста Влада, владеење на правото, за слободни медиуми, сите тие работи кои се важни за државата“.

    Американскиот  амбасадор во Скопје Џес Бејли, викендов во интервју за „Утрински весник“ ги најави темите за разговор на Нуланд. Тој рече дека сега е најважно да се имплементира договорот од Пржино и од четирите политички партии да се отвори пат за изборите.

    „Доколку може да се одржат избори, тие не треба да бидат одложени. Тие може да ја одведат земјата напред со влада која е целосно легитимна и не е инфицирана од скандали“, рече Бејли и додаде:

    Во интервјуто Бејли има прецизен одговор и на прашањето за потреба од формирање Специјален суд кој ќе ги процесира случаите на Специјалното обвинителство.

    „Дали канцеларијата на Специјалното јавно обвинителство ќе може да спроведе истраги на непречен и професионален начин е вистинскиот тест за владеењето на правото во земјата. Врз основа на извештаите на ЕУ, на нашите оценки, па и на анкетите на македонските граѓани, постои недоверба во вашиот судски систем. Процесот што се бара е предизвик за судството и според нашето искуство што го имаме од работата со судовите и јавните обвинителства, верувам дека има судии во Македонија кои се сосема способни да процесираат случаи на непристрасен начин, во согласност со правилата и процедурите“, вели американскиот амбасадор.

    Нуланд вчера ја почна регионалната турнеја со Косово и Албанија, а покрај Македонија ќе ги посети и  Србија, Кипар, Грузија, Украина и Полска. Таа го придружува американскиот државен секретар Џон Кери, кој ќе ги посети Грузија, Украина и Полска.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира