НУЛАНД НАЈАВИ ДОГОВОР ЗА ИЗБОРИ ДЕНОВИВЕ, ПОЧУВСТВУВАЛА ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА

    НУЛАНД НАЈАВИ ДОГОВОР ЗА ИЗБОРИ ДЕНОВИВЕ, ПОЧУВСТВУВАЛА ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА

    Помошникот државен секретар Викторија Нуланд пред малку изјави дека наредниве денови ќе се направи нацрт договор за нови избори.

    „За тоа треба голема политичка волја, но почувстував дека таква волја има“, рече Нуланд.

    Амбасадорот Бејли ќе помага да се дојде до нов договор, изјави помошникот државен секретар на САД.

    Таа покрај средби со четворицата лидери потписници на Пржинскиот договор утрово се сретна и со специјалната обвинителка Катица Јанева. „Улогата на СЈО е витална за создавање чист правен систем“, рече Нуланд на прес конференцијата што пред малку заврши во американската амбасада во Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари