ОБИД ДА СЕ ТРГНЕ КОН ВОДНО

    ОБИД ДА СЕ ТРГНЕ КОН ВОДНО

    Демонстраните пред седиштето на ЕУ Инфо центарот се обидоа да го пробијат полицискиот кордон за да тргнат кон резиденцијата на Претседателот на Водно. Откако една група демонстранти ги присина, полицајците се збија, направија четири кордона и го одбија налетот.

    Пред седиштето на ЕУ на булеварот Св. Климент Охридски се пее „Во борба македонски народе“. Демонстрантите стојат пред полицијата и сканидраат „пуштете го народот“. ЕУ Инфо центарот е последната точка до која успеаја да се стигнат антвладините демонстранти кои се опколени со полиција, а во близина се гледаат и водените топови.

    Антивладините демонстранти што се собраа пред седиштето на СЈО беа блокирани. Не можеа да тргнат кон Собранието оти таму е протестот организиран од ГДОМ за поддршка на Владата. Преку булеварот Св. Климент Охридски тие стигнаа седиштео на ЕУ Инфо центарот.

    Тие протестираат против аболицијата од Претседателот Ѓорѓе Иванов и за одложување на изборите на 5 јуни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари