ОБЈАВЕН НОВ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА АВИОЛИНИИ ОД СКОПЈЕ И ОХРИД

    ОБЈАВЕН НОВ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА АВИОЛИНИИ ОД СКОПЈЕ И ОХРИДФинансиската поддршка ќе биде 7 евра по патник во заминување превезен од Меѓународен аеродром Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Министерството за транспорт и врски го објави новиот јавен повик за субвенционирање авиолинии, откако првиот пропадна поради нецелосна документација на компаниите. На неуспешниот повик понуди доставија авиокомпаниите „Луфтханза“, „Виз ер“ и „Ејџиан ерлајнс“.

    На новиот повик условите се исти како на претходниот. Може да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои поседуваат уверение за работа издадено од земја членка на Европската Унија согласно прописите за издавање уверение за работа на авиопревозници, да имаат превезено најмалку 10 милиони патници во 2019 и да имаат остварено профит од минимум 25 милиони евра во 2019.

    Финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации по следниот редослед: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира и број на седишта понудени на продажба“, велат од Министерството за транспорт и врски.

    Финансиската поддршка ќе биде 7 евра по патник во заминување превезен од Меѓународен аеродром Скопје и 4,5 евра по патник во заминување превезен од аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира