ОБЛОЖУВАЛНИЦА ДОНИРАШЕ ДВА МОНИТОРИ НА КЛИНИКАТА ЗА АНЕСТЕЗИЈА, РЕАНИМАЦИЈА И ИНТЕНЗИВНО ЛЕКУВАЊЕ

    ОБЛОЖУВАЛНИЦА ДОНИРАШЕ ДВА МОНИТОРИ НА КЛИНИКАТА ЗА АНЕСТЕЗИЈА, РЕАНИМАЦИЈА И ИНТЕНЗИВНО ЛЕКУВАЊЕ„Овие монитори најмногу се потребни за пациентите на интензивна нега, за активно следење витални параметри без кои не може едно современо интензивно одделение“, вели директорката на КАРИЛ д-р Маја Мојсова Мијовска (Фото: Министерство за здравство )

    Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ доби два монитора за следење витални параметри со два модула за мерење инвазивен притисок, кои се донација од спортска обложувалница.

    Министерството за здравство соопшти дека министерот Венко Филипче се заблагодарил на компанијата за донацијата, која е многу важна за работата на медицинскиот кадар и со неа се подобрува функционирањето на КАРИЛ.

    „Овие монитори најмногу се потребни за пациентите на интензивна нега, за активно следење витални параметри без кои не може едно современо интензивно одделение“, вели директорката на КАРИЛ д-р Маја Мојсова Мијовска.

    Со мониторите се следи крвниот притисок, пулс и пулс оксиметрија, инвазивен притисок и ЕКГ.

    Апаратите се донација од спортските обложувалници „Спорт лајф‘, а нивната вредност е 400.000 денари или 6,5 илјади евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира