ОБОЕНИТЕ ПОСТЕРИ ОД ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ЌЕ ОДАТ НА АУКЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОБОЕНИТЕ ПОСТЕРИ ОД ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ЌЕ ОДАТ НА АУКЦИЈА

    Постерите со ликовите на политичарите што беа боени од демонстрантите за време на протестите на Шарената револуција ќе бидат дадени на аукција, изјавија за агенцијата Мета претставници на граѓанското движење Протестирам. Со парите собрани од аукцијата ќе се финансираат отштетите од евентуални казни со кои може да се соочат демонстрантите што полицијата ги пријавува дека уништувале културно наследство со боењето на фасадите од проектот Скопје 2014.

    Станува збор за постерите на претседателот Ѓорге Иванов, поранешната министерка Гордана Јанкулоска и поранешниот премиер Никола Груевски кои демонстрантите ги боеја пред зградата на Владата и во близина на резиденцијата на претседателот во населбата Водно.

    Парите од аукцијата на постерите ќе се додадат на 15.528 евра што граѓаните ги собраа на донаторската забава организирана во понеделникот во скопското кафуле Излет.

    Од „Шарената револуција“ велат дека поседуваат четири од шесте обоени слики од чија продажба средствата ќе бидат наменети за финансиска помош на казнетите демонстранти.

    Од оваа граѓанска организација најавуваат дека е во процедура и отворање на жиро-сметка на која граѓаните ќе можат да донираат пари за поддршка на демонстрантите.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари