ОБВИНЕТАТА ШТО НАЈМИ АДВОКАТ ЗА ДА БАРА ПРЕВОД НА АЛБАНСКИ, СЕГА ГО ОДЛОЖИ „ТНТ“ ЗАШТО МАЖ Ѝ БИЛ ВО КОНТАКТ СО ЛИЦЕ КОЕ БИЛО ВО КОНТАКТ СО ДИРЕКТОРКАТА НА КОЖНО

    ОБВИНЕТАТА ШТО НАЈМИ АДВОКАТ ЗА ДА БАРА ПРЕВОД НА АЛБАНСКИ, СЕГА ГО ОДЛОЖИ „ТНТ“ ЗАШТО МАЖ Ѝ БИЛ ВО КОНТАКТ СО ЛИЦЕ КОЕ БИЛО ВО КОНТАКТ СО ДИРЕКТОРКАТА НА КОЖНОВо „ТНТ“, обвинетите го блокираа рочиштето до пензионирањето на судската поротничка, поради што судењето се врати на почеток, а беше пред завршни зборови и пресуда. - Од претходно рочиште на „ТНТ“ (Фото: СДК.МК)

    Обвинетата во „ТНТ“ за незаконското уривање на „Космос од одмазда Елисавета Најдовска успеа и овојпат да го одложи судењето, кое се обидува да почне по вторпат. Таа денеска на судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани им кажала дека нејзиниот сопруг бил во контакт со лице кое било наводно на семинарот во „Рагуза кај што била присутна заразената директорка на Клиниката за кожни болести.

    Судијата Ставрев го одложи рочиштето за 4 дена, а Елисавета ја задолжи да се тестира од коронавирусот.

    Сопругот на Елисавета, лекар, не е под карантин и си оди редовно на работа.

    Во „ТНТ“ првообвинет е избеганиот Никола Груевски, потоа Миле Јанакиески, ексградоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски, Најдовска и уште тројца нејзини колеги од општината. Во 2011 година со експлозив му го срушија грамадниот комплекс Космос на Фијат Цаноски, зашто ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и отиде во опозиција.

    Во „ТНТ“, обвинетите го блокираа рочиштето до пензионирањето на судската поротничка, поради што судењето се врати на почеток, а беше пред завршни зборови и пресуда.

    Најдовска му откажа полномошно на адвокатот и најми адвокат Албанец, кој бараше да му се преведе целиот предмет „ТНТ“ од судењето кое траеше 2 години. Се повика на Законот за јазици. Превод не доби, поради немање законска поддршка, но затоа Трајковски психички се разболе, па не доаѓаше до пензионирањето на поротничкатат.е. додека судењето не се прекина и се врати на почеток.

    И покрај тоа што судијата Ставрев повеќе пати констатираше дека обвинетите ги злоупотребуваат правата со цел да ја одолговлечат судската постапка, мерки притвор досега не изрече против ниеден од обвинетите.

    СК. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира