Денешното судење за масовното незаконско прислушување во предметот „Тврдина-Таргет“ беше одложено поради отсуство на обвинетиот Сашо Мијалков, за кого неговиот адвокат Љупчо Шврговски кажа дека имал симптоми на ковид-19, објави државната агенција МИА.
Шврговски кажа дека позитивна на коронавирус била сопругата на Мијалков, балерината Александра, а вчера и тој развил симптоми на ковид-19 и денеска попладне ќе прави тест. Мијалков, според адвокатот, имал покачена температура и сува кашлица.
Судењето треба да продолжи задутре.