На првиот академски час денеска на Правниот факултет “Јустинијан Први”, денеска зад официјалните лица на чело со професорот Никола Тупанчески, министер за правда, застана обвинетиот Драги Рашковски, против кого има судење за злоупотреба на службената положба како генерален секретар на Владата, за два незаконски тендера.
Рашковски има кабинет на Правниот факултет и е професор од областа на информатичките науки.
Рашковски не е суспендиран по поднесување на обвинението против него, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од обвинителството. Тој ќе може и да предава на студентите, го штити пресумпцијата на невиност.
Рашковски не само што нема правосилна пресуда, туку нема ни првостепена сè уште.
И министерот Тупанчевски, прашан за обвинетиот Рашковски кој застана да се слика зад него, на првиот академски час, индиректно кажа дека нема правосилна пресуда против него.
„Станува збор за колеги мои кои што биле составен дел во различни епохи и дел од извршната власт. Факт е дека треба кон секого да се има достоинствен пристап. После правосилна судска пресуда, можеме да коментираме за форматирање на нечија одговорност”, кажа министерот Тупанчески.
Судењето за Рашковски е во поодмината фаза во прв степен. Обвинет е за два незаконски тендера, за сообраќајни прекршоци и за биометриски лични податоци, кои според обвинението, а и сведоците, никој од МВР ни од Владата, не ги побарал да ги распише. Ги добил тој, како креатор, изумител на двата софтвера.
С. К. ДЕЛЕВСКА