Обвинетиот за обид за убиство на Зијадин Села, Александар Јаневски Тошта, е на реанимација на Клиниката за кардиологија, кажаа судијката Славица Андреевска и обвинителот Дарко Јакимовски по паузата дадена поради онесвестувањето на Тошта на денешното рочиште во Основнот суд Скопје 1.
„Комуницирав по телефон, Јаневски е на реанимација, освестен е, но пак се губи“, рече Јакимовски.
„Само сè да биде во ред со него“, рече судијката и најави дека ослободениот од обвинение Сашо Сенков ќе го напушти затворот во Шутка.
На една од снимките од насилствата врз Села, која првпат беше пуштена на минатото рочиште, се виде како Јаневски ги прашува насилниците: „Кој?“, по што во улога на бранител на пратениците, обезбедува коридор со положбата на телото и пропушта Села да биде извлечен од аголот со другите пратеници.
С. К. ДЕЛЕВСКА