ОБВИНЕТИОТ ВО „МОНСТРУМ“ ФЕЈЗИ АЗИРИ ВРАТЕН ВО ШТИПСКИОТ ЗАТВОР

    ОБВИНЕТИОТ ВО „МОНСТРУМ“ ФЕЈЗИ АЗИРИ ВРАТЕН ВО ШТИПСКИОТ ЗАТВОРАзири беше уапсен по потерница од затворот во Штип, каде што одлежува казна за друго дело. - Обвинетите во „Монструм“ во судница (Фото: МИА)

    Фејзи Азири, еден од обвинетите во предметот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година, денеска во 13:30 часот со полициско обезбедување е вратен во затворот во Штип, објави државната агенција МИА.

    Тој е вратен во затворот на доодлежување шестгодишна затворска казна за недозволено поседување оружје.

    Азири претходно го прекинал издржувањето на затворската казна и не се вратил во штипскиот затвор, иако тоа не му било дозволено. По одложувањето на последното рочиште за „Монструм“ поради отсуството на Азири, полицијата го приведе на Клиниката за пулмологија.

    Претходно денеска, Кривичниот суд соопшти дека е одбиена молбата на Азири за продолжување на прекинот од издржување на казната затвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира