ОБВИНЕТИТЕ ЃОШЕВСКИ, КОЉО И ЧЕНТО ЈА НАСОЧУВААТ ТОЛПАТА КОН ЗАЕВ И ПРАТЕНИЦИТЕ ВО ПРЕС-ЦЕНТАРОТ, СЕ ГЛЕДА НА СНИМКИТЕ НА СУДЕЊЕТО ЗА 27 АПРИЛ

    ОБВИНЕТИТЕ ЃОШЕВСКИ, КОЉО И ЧЕНТО ЈА НАСОЧУВААТ ТОЛПАТА КОН ЗАЕВ И ПРАТЕНИЦИТЕ ВО ПРЕС-ЦЕНТАРОТ, СЕ ГЛЕДА НА СНИМКИТЕ НА СУДЕЊЕТО ЗА 27 АПРИЛДел од обвинетите за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на денешното рочиште од судењето за 27 април. (Фото: К. Попов)

    Од собранискиот хол Длаборез, пред кабинетот на тогашниот претседавачот Трајко Вељаноски, дел од обвинетите за организираниот напад во Собранието на 27 април лани, ја насочуваат толпата кон ходникот што води кон прес-центарот каде беа тепани Зоран Заев, Зијадин Села, други пратеници и новинари, се гледа на снимките од собраниските камери кои денеска беа пуштани на судењето во Основниот суд Скопје 1.

    На снимките, обвинителството како лица кои ги насочуваат луѓето ги нотираше обвинетите Дејан Ѓошевски-Леви, началник на обезбедувањето на Вељаноски, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Михаил Младеновски, Стефан Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, а дел од нив се со фантомки на главата.

    Во ходникот што води кон прес-центарот се појавуваат и Мунир Пепиќ, Иван Цветановски и Елена Бошковска. Цело време во холот стојат две лица кои ги гледаат, но и им покажуваат на луѓето каде да се движат. Дел од обвинетите неколку пати одат кон прес-центарот од холот Длаборез и пак се враќаат назад со нова група луѓе.

    Повеќепати од холот Длаборез кон ходникот што води до прес-центарот се движи обвинетиот Ѓошевски, зборува и на телефон, како и со едно од двете непознати лица кои цело време стојат во ходникот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира