ОБВИНИТЕЛИТЕ НА УВИД ВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ШЛЕПУВААТ СО МВР, ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ КУПУВА 4 НОВИ КОЛИ

    ОБВИНИТЕЛИТЕ НА УВИД ВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ШЛЕПУВААТ СО МВР, ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ КУПУВА 4 НОВИ КОЛИОбвинителството првпат купува нови коли, досега користело стари и расипани, главно запленети од судски постапки;- Полициски „крајслер“ паркиран на автопатот Скопје-Тетово за време на увидот на автобуската несреќа кај Ласкарци на 14 февруари. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Републичкото Јавно обвинителство распиша тендер за набавка на четири службени возила во вкупна вредност од 50 илјади евра. Обвинителството, всушност, првпат купува нови коли, досега користело стари и расипани, главно запленети од судски постапки.

    На почетокот на годинава, на Скопското јавно обвинителство му се расипа и последниот „крајслер“ даден од МВР, стар 20 години. „Крајслерите“ за МВР ги набави сега покојната ексминистерка за внатрешни работи Доста Димовска.

    Најголемото, Скопското обвинителство, долго време е без службени возила, а динамиката на работа му е двојно, па и тројно поголема од таа на сите останати обвинителства заедно. При незгода, убиство или друг потежок кривичен настан, за да не одат на увид со такси или со приватни возила и да ја доведуваат својата безбедност во прашање, обвинителите чекаат екипата од МВР да ги собере на местото, бидејќи обвинителството нема службени коли.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари