Обвинителството за организиран криминал и корупција ја повикало на сослушување во вторник Лиле Стефанова, обвинителката на предметот „Империја“ на СЈО , дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. Поканата на Стефанова ѝ била испратена по нејзината вчерашна изјава дека ѝ бил вршен притисок врз истрагата во која таа ги сомничи Орце Камчев, Цветан Панделески и други лица.
Истрагата за „Рекет“ ја води шефицата на организиран криминал Вилма Рускоска која ја проширува истрагата и со влијание врз предметната обвинителка од СЈО Лиле Стефанова.
Неофицијално дознаваме дека следна на сослушување ќе биде повикана и Специјалната обвинителка Катица Јанева.
- КАТИЦА ГО ПУШТИ ОРЦЕ ДОМА ДА СНИМА ВИДЕА И РАЗГОВОРИ И ДА ЈА УНИШТИ ИСТРАГАТА, ВЕЛИ ОБВИНИТЕЛКАТА НА „ИМПЕРИЈА“ ЛИЛЕ СТЕФАНОВА
- ЈАНЕВА БАРАШЕ ДА ЗАПРАТ „ИМПЕРИЈА“ И „ПОШТЕНСКА БАНКА“ БЕЗ ЗАТВОРСКИ КАЗНИ, СО ВРАЌАЊЕ ПАРИ НА ДРЖАВАТА, ТВРДИ ОБВИНИТЕЛКАТА СТЕФАНОВА
Вчера, по објавувањето на разговори снимени од Орце Камчев со осомничениот во „Рекет“ Бојан Јовановски-Боки 13, Стефанова соопшти дека никогаш не барала дуќани и било што од Камчев, кој спомнува дека таа тоа го барала од него преку заедничкиот пријател градежниот гигант Ванчо Чифлиганец, сооственик на АДОРА. Орце сам без прашање од соговорникот Бојан Јовановски го кажува тоа за Стефанова и притоа сам си се снима.
Стефанова рече дека Камчев сака да ја дискредитира, и веднаш по пуштањето на овој самоснимен разговор од Камчев, кажа дека всушност ситуацијата била обратна, односно дека врз неа имало обиди за влијанија и притисоци од Камчев и од Панделески да ја прекине истрагата.
Потоа, Стефанова го спомена фактот дека Катица Јанева на колегиум предложила спогодба за вина, само да платат онолку колку што ја оштетиле државата со криминалните дејствија и да не одат в затвор, на што Стефанова се спротивставила.
До денес, „Империја“ не е затворена истрага, неа и останатите истраги на СЈО ги замрзна Врховниот суд.
С. К. ДЕЛЕВСКА