Јавниот обвинител Лилјана Спасовска на денешната јавна расправа во Врховниот суд побара да се укинат пресудите на Апелациониот суд и на Основниот суд Скопје 1 за случајот „Монструм“ и случајот да се врати на повторно судење.
Петтмина беа обвинети и осудени на доживотен затвор за убиството на 4 момчиња и еден рибар кај Смилковското Езеро, кое се случи на 12 април, пред празникот Велигден, во 2012.
Обвинителката Спасовска пред завршување на јавната расправа побара поради неутврдената фактичка состојба во случајот “Монструм“, но и поради постоење на прислушувани разговори во Специјалното јавно обвинителство(СЈО), да се укинат пресудите на скопскиот Апелационен суд и на Основниот суд Скопје 1 од Скопје и случајот да се врати на повторно судење.