ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР ЗА 15 ГРАМА МАРИХУАНА

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР ЗА 15 ГРАМА МАРИХУАНАПо предлогот на обвинителството, судот на 23-годишен кумановец му определи притвор во траење од 30 дена. - Куманово (архивска фотографија)

    23-годишен Кумановец доби 30 дена притвор на барање на Основното јавно обвинителство Куманово, откако во периодот од јануари до август годинава бил фатен со вкупно 15,77 грама марихуана, соопшти Јавното обвинителство.

    „Обвинителството до Основен суд Куманово поднесе предлог за на осомничениот да му биде изречена мерка притвор, а во насока на обезбедување непречено водење на кривичната постапка. По предлогот на обвинителството, судот донесе Решение со кое на осомниченото лице му е определен притвор во траење од 30 дена“, се вели во соопштението.

    Тој е осомничен дека го сторил кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Како што велат од обвинителството, од јануари до август, во три одделни настани, при претрес кај осомниченот, како и во неговото возило, биле пронајдени различен број пакувања со марихуана, сите во вкупна нето маса од 15,77 грама.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира