Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје од судијата за деца при скопскиот Основен кривичен суд побара притвор за 16-годишник, кој вчера возејќи без дозвола прегази жена во Скопје која почина на лице место.
Како што соопшти Обвинителството, вчера детето без возачка дозвола ја возело колата на татко му на булеварот Никола Карев (познат како Пластичарска улица) во Скопје, а брзината на ја приспособил на условите кон својствата и состојбите на патот и кон густината на сообраќајот. Кога стигнал пред клучката Бит Пазар, не можел навреме да го запре автомобилот и со предниот десен бочен дел од возилото удрил во жена која го поминувала коловозот надвор од обележан пешачки премин. Од ударот таа починала на лице место.
Полицијата вчера соопшти дека загинатата жена имала 47 години.