ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЈА ИСТРАЖУВА СМРТТА НА ЛЕКАРКАТА ПРОНАЈДЕНА ВО СТАН СО УБОДНА РАНА ВО ВРАТОТ

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЈА ИСТРАЖУВА СМРТТА НА ЛЕКАРКАТА ПРОНАЈДЕНА ВО СТАН СО УБОДНА РАНА ВО ВРАТОТОбвинителството ги прегледува снимките од безбедносните камери од околните објекти и повикува лица на сослушување за да ја расветли смртта на професорката на Медицинскиот факултет - Клиниката за нефрологија каде што работела лекарката (Фото: СДК.МК)

    Скопското јавно обвинителство ја презеде истрагата за смртта на лекарката и професорката на Медицински факултет која синоќа околу 21 часот беше пронајдена со рани во пределот на рацете, пресечени вени и убодна рана во вратот.

    „Во континуитет се сослушуваат лица кои би можеле да помогнат во расветлување на настанот“, соопшти Обвинителството кое извршило увид во станот на улица „Елисие Поповски Марко“, спроти Клиничкиот центар во Скопје. Граѓанин го пронашол телото на жената и ја повикал полицијата и Брза помош. Екипата на Брза помош само констатирала смрт.

    Полицијата уште ноќеска на полноќ ја идентификуваше жртвата како  Ј.М.С, 53-годишна лекарка на Клиниката за нефрологија во Скопје и професорка на Медицинскиот факултет.

    Обвинителството ја потврди првичната информација од полицијата дека кај жената е забележан видлив убод со нож во пределот на вратот.

    „Телото на починатата веднаш е дадено на обдукција, а од лице место се прибрани сите материјални траги и докази кои можат да помогнат во истрагата и истите се дадени на вештачење. По наредба на дежурен јавен обвинител ќе се врши ДНК анализа на трагите од крв пронајдени на лице место. Дополнително, јавниот обвинител нареди да се обезбедат и евентуални снимки од видео надзорот на околните објекти“, стои во соопштението на Основното јавно обвинителство.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира