ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ДЕЖУРА ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ДЕЖУРА ЗА РЕФЕРЕНДУМОТПокрај редовните дежурства викендов да имаат и дополнителни, со цел навремено делување доколку има пријави за сторени кривични дела. - Јавно обвинителство (Фото: СДК.МК)

    Јавниот обвинител на Македонија Љубомир Јовески формирал привремена комисија во Обвинителството за евентуални кривични дела поврзани со гласањето на референдумот в недела, кажа денеска обвинителот Џелал Бајрами. Досега оваа комисија ги следела активностите за организирање на референдумот и проблеми и неправилности од кривично-правна природа, според него, нема.

    Тој денеска информираше дека се дадени задолженија на сите основни обвинителствата, покрај редовните дежурства викендов да имаат и дополнителни, со цел навремено делување доколку има пријави за сторени кривични дела.

    Ги повика граѓаните, партиите, меѓународните претставници, веднаш да пријават секаква неправилност за време на гласањето в недела.

    Досега има само една пријава од политичка партија за поткуп при избори и случајот од Скопското, препратен е до Јавното обвинителство на Куманово.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира