Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага за работењето на скопската депонија Дрисла за кривично дело загадување на животната средина и природата според член 218 од Кривичниот законик. ОЈО соопшти дека истрагата е отворена по допрен глас.
„Во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител испрати барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за добивање потребни податоци во врска со досегашна извршена контрола над работењето на депонијата ДРИСЛА – СКОПЈЕ ДОО. Побарано е и информација ако е извршена контрола дали е констатирано почитување на протоколите за согорување на медицински отпад од страна на депонијата и други информации“, стои во соопштението на ОЈО.