ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОБАРА УКИНУВАЊЕ НА КУЌНИОТ ПРИТВОР НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕШЕВСКА И ПРЕМЕСТУВАЊЕ НА ДУРЛОВСКИ ОД ШУТКА ВО КУЌЕН ПРИТВОР

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОБАРА УКИНУВАЊЕ НА КУЌНИОТ ПРИТВОР НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕШЕВСКА И ПРЕМЕСТУВАЊЕ НА ДУРЛОВСКИ ОД ШУТКА ВО КУЌЕН ПРИТВОРОсомниченито Игор Дурловски на јавната седница на Апелацискиот суд на 11 јанури, кога му беше одбиена жалбата за укинување мерката притвор и нејзинот заменување со куќен притвор. (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара од Основниот суд Скопје 1 да ѝ биде укината мерката куќен притвор на пратеничката Жаклина Пешевска, а за Игор Дурловски мерката притвор да биде заменета со мерка куќен притвор, соопшти Јавното обвинителство. И двајцата се осомничени за настаните што се случија на 27 април 2017 година во Собранието.

    За останатите 33 осомничени лица обвинителството останува на барањето за продолжување на претходно изречените мерки за обезбедување на присуство и за непречено водење на кривичната постапка.

    „Надлежниот обвинител побара од судот за лицето Ж. П да биде укината мерката куќен притвор и истата да биде заменета со мерки на претпазливост, а за осомниченото лице И.Д. мерката притвор да биде заменета со мерка – куќен притвор“, соопшти Јавното обвинителство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира