ОБВИНИТЕЛСТВОТО ВО КУМАНОВО ИСТРАЖУВА ГОВОР НА ОМРАЗА НА КОШАРКАРСКИОТ НАТПРЕВАР МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И РОМАНИЈА

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ВО КУМАНОВО ИСТРАЖУВА ГОВОР НА ОМРАЗА НА КОШАРКАРСКИОТ НАТПРЕВАР МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И РОМАНИЈАСо кошаркарскиот меч против Романија беше свечено пуштена во употреба реконструираната спортска сала во Куманово. - На трибините беа Мицкоски, Тошковски и Димитриевски (Фото: Фејсбук)

    Основното јавно обвинителство од Куманово отвори постапка и му издаде насоки на СВР Куманово за истражување на елементи на кривично дело поврзано со скандирања со говор на омраза од страна на непознати лица. Инцидентот се случи за време на кошаркарскиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Романија, одигран на 2 август во Куманово.

    Од Обвинителството велат дека е издадена и наредба за обезбедување на снимките од видео надзорот со цел да се идентификуваат сторителите.

    Натпреварот беше прв од квалификацискиот циклус за Светското првенство во 2027 година, а македонската репрезентација загуби од Романија со резултат 72:80. Со овој спортски настан беше свечено пуштена во употреба реконструираната спортска сала во Куманово.

    На натпреварот присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, кој по завршувањето на својот Фејсбук профил им даде поддршка на кошаркарите.

    „Во реновираната спортска сала во Куманово, под светлата на новиот почеток, Македонија гледаше борба, срце и чесна игра! Македонија е со вас не само кога победувате, туку и кога паѓате со дигната глава! Овој натпревар беше повеќе од резултат, беше борба за боите што ги носите, за името што го браните, и за народот што стои зад вас со љубов и почит“, напиша Мицкоски, додавајќи дека и покрај поразот, играчите победиле во духот и покажале како се игра за државата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира