ОЧЕКУВАМЕ ПОБЕДА КАКО ВО 2014 ГОДИНА, КАЖА ГРУЕВСКИ НА ПРЕТСТАВУВАЊЕТО НА ЛИСТИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОЧЕКУВАМЕ ПОБЕДА КАКО ВО 2014 ГОДИНА, КАЖА ГРУЕВСКИ НА ПРЕТСТАВУВАЊЕТО НА ЛИСТИТЕ

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски уште еднаш побара 63 пратеници на изборите на 11 декември и кажа дека очекува резултати исти или подобри од оние на изборите во 2014 година на денешната конвенција на коалицијата „За подобра Македонија“ на која беа претставени кандидатските листи во „Метрополис арената“ во Скопје. На изборите пред две години, коалицијата на ВМРO-ДПМНЕ освои 61 пратеник, наспроти 34-те на коалицијата на СДСМ.

    „Во единицата, со оглед на нивниот слаб кандидат кој сопствениот народ се дрзна да го нарече стока и кој претрпе историски пораз од Ѓорѓе Иванов, очекуваме резултати исти и подобри од 2014-та, во двојката, тројката, петката и шестката слично како 2014 година ќе бидат силно поразени и мора сите заедно да стигнеме до посакуваната бројка од 63 пратеници, затоа што веќе на секого му е јасно што сакаат да прават со оваа држава и во кој правец ќе се движат нештата, ако немаме 63 места во парламентот“, кажа Груевски.

    Груевски е носител на листата во четвртата изборна единица, каде ќе се соочи со лидерот на СДСМ Зоран Заев. Останати носители на владејачката партија се: Никола Попоски (1), Никола Тодоров (2), Илија Димовски (3), Антонио Милошоски (5) и Влатко Ѓорчев (6). Премиерот Емил Димитриев е втор во тројката, спикерот Трајко Вељановски е втор во двојката и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска е втора во единица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира