ОЧУВОТ СЕКСУАЛНО ЈА ЗЛОУПОТРЕБУВАЛ 16-ГОДИШНАТА ПОЌЕРКА, ТАА БАРАЛА ПОМОШ ОД МАЈКА СИ КОЈА НЕ ГО ПРИЈАВИЛА НИТУ ГО СПРЕЧИЛА

    ОЧУВОТ СЕКСУАЛНО ЈА ЗЛОУПОТРЕБУВАЛ 16-ГОДИШНАТА ПОЌЕРКА, ТАА БАРАЛА ПОМОШ ОД МАЈКА СИ КОЈА НЕ ГО ПРИЈАВИЛА НИТУ ГО СПРЕЧИЛАЈавниот обвинител предложи пртвор за осомничениот очув, а за мајката се предложени мерки на претпазливост. (Фото: СДК.МК)

    Очув и мајка се под истрага за сексуална злоупотреба на 16-годишната ќерка, соопшти Обвинителството. Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против сопружниците кои се осомничени за продолжено кривично дело Обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 од Кривичниот законик.

    „Осомничениот очув на жртвата подолг временски период ја злоупотребувал својата положба и го наведувал на обљуба и други полови дејствија девојчето родено 2009 година кое му било доверено на чување и воспитување. Кон дејствијата придонела и мајката на девојчето, која иако знаела, ниту го пријавила, ниту го спречила осомничениот во дејствијата. Со тоа не го заштитила детето од злоупотребите, иако девојчето во повеќе наврати барало помош од неа“, вели Обвинителството.

    Јавниот обвинител предложи пртвор за осомничениот очув, а за мајката се предложени мерки на претпазливост. Јавниот обвинител ќе се координира со Центарот за социјални работи заради згрижување на трите малолетни деца во семејството, меѓу кои и жртвата, вели Обвинителството.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира