ОД 1 ЈАНУАРИ ВО ГЕРМАНИЈА ЌЕ ВАЖИ НОВА РЕГУЛАТИВА ЗА ПРИВИЛЕГИРАНИ ВРАБОТУВАЊА ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

    ОД 1 ЈАНУАРИ ВО ГЕРМАНИЈА ЌЕ ВАЖИ НОВА РЕГУЛАТИВА ЗА ПРИВИЛЕГИРАНИ ВРАБОТУВАЊА ОД ЗАПАДЕН БАЛКАНСтрански работници во фабрика во Германија. (Фото: Дојче Веле)

    Од 1 јануари 2021 во Германија стапува во сила последователнa регулатива на важечката таканаречена „Регулатива за Западен Балкан“, со која германската сојузна влада им овозможуваше привилегиран пристап до германскиот пазар на трудот на земјите од Западен Балкан, соопшти Германската амбасада. За државјаните на Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија ова продолжува да важи за секој вид на вработување, независно од признатата квалификација. Услов за издавање виза останува согласноста од германската Сојузна агенција за вработување.

    Според новата регулатива, Сојузната агенција законски може да издаде до 25.000 согласности во една календарска година и тоа приближно одговара на бројката на издадени визи од оваа категорија во 2019 година. Последователната регулатива важи вклучително до 2023 година.

    Лицата со квалификувано професионално или академско образование може да поднесат барање за признавање на квалификацијата во Германија и за овие лица се укинати ограничувањата за патување.

    „Првите барања за виза можат да се поднесат само во надлежната Германска амбасада во една од споменатите шест држави. Тоа значи дека само баратели со вообичаен престој во една од овие држави имаат право да аплицираат. Сојузната агенција за вработување може, како и досега, да даде согласност само ако 24 месеци пред поднесувањето на барањето, барателите за виза не добивале паричен надоместок според Законот за парична помош за баратели на азил“, велат од Германската амбасада во Скопје.

    Од Германската амбасада нагласуваат дека ситуацијата со ковид ковид-пандемијата влијае и врз спроведувањето на новата регулатива. Заради ограничувањата за патување ширум ЕУ како последица на пандемијата, велат од амбасадата, влез за вработување според новата регулатива е можен начелно дури по нивното укинување и дури тогаш може да се издаваат и соодветните визи. Од тие причини, термините за аплицирање според оваа нова регулатива ќе бидат понудени дури по укинувањето на ограничувањата за патување поради ковид-пандемијата.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира