ОД 29.858 СПОРНИ ГЛАСАЧИ НА КОИ ДИК ИМ ДАДЕ ВТОРА ШАНСА, ДОСЕГА СЕ ПРИЈАВИЛЕ САМО 97

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОД 29.858 СПОРНИ ГЛАСАЧИ НА КОИ ДИК ИМ ДАДЕ ВТОРА ШАНСА, ДОСЕГА СЕ ПРИЈАВИЛЕ САМО 97

    Од оние 29.858 спорни гласачи кои останаа надвор од Избирачкиот список по вкрстените и теренските проверки од страна на Државната изборна комисија, од 28 октомври кога почна јавниот увид, се пријавиле само 97.

    Минатата недела, мнозинството гласови во Државната изборна комисија изгласа да може овие невалидни гласачи повторно да се пријавуваат и да им се даде втора шанса да бидат впишани во списокот на гласачи.

    Тие веќе имаа можност да се пријават на јавниот повик од 26 јули до 19 август. Од 39.502 спорни, се пријавија 9.644 гласачи, кои го докажаа својот идентитет и право на глас. Тие беа впишани во Избирачкиот список, а останатите 29.858 останаа невпишани и сега ним повторно им се дава можност за пријавување.

    Увидот во списокот и пријавувањето на еднаш веќе отпишаните трае до 11. овој месец.

    Не е интензивно ни пријавувањето на гласачите од дијаспората. Од 28. (неделата), до сега, се пријавиле околу пет илјади гласачи во нашите конзуларни претставништва и амбасади.

    Услов за да се избере еден пратеник од дијаспората, според Изборниот законик, е да има најмалку 6.400 гласови за него, за втор пратеник 12.800 гласови за него и за трет уште 6.400, т.е. да има добиено 19.200 гласови.

    Од три изборни единици во дијаспората, се направи една ИЕ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира