ОД 30, АКТИВНИ СЕ УШТЕ 9 ПОЖАРИ, ЌЕ СЕ ГАСАТ СО ХЕЛИКОПТЕРИ И ЕР ТРАКТОРИ

    ОД 30, АКТИВНИ СЕ УШТЕ 9 ПОЖАРИ, ЌЕ СЕ ГАСАТ СО ХЕЛИКОПТЕРИ И ЕР ТРАКТОРИПод контрола се 6 пожари, а 15 се целосно изгаснати. (архивска фотографија)

    Од 30 пожари вчера, денеска активни се уште 9, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов. Под контрола се 6, а 15 се целосно изгаснати.

    Согласно проценетите ризици и опасности, приоритет за гаснење денеска се пожарите во Општина Чашка, каде што ќе бидат ангажирани хеликоптери на МВР и АРМ, во Општина Македонски Брод, каде што ќе биде ангажиран хеликоптер на АРМ, во Општина Кавадарци, каде што ќе се вклучат два Ер Трактори на ДЗС и во Општина Градско, каде што ќе бидат ангажирани 30 припадници на специјалната единица Тигар.

    Останати активни пожари на отворено се во Општина Чашка, во селата Јаболчиште, Дреново врв Лисец, во Општина Долнени, село Небрегово, во Општина Пробиштип, место викано Балабаница, село Зелен Град, во Општина Македонски Брод, село Брзеница (ново жариште), како и во Општина Чашка, место викано Мукус, префрлен од Прилеп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира