ОД АМБАСАДОР, БУЏАКУ СТАНА ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОД АМБАСАДОР, БУЏАКУ СТАНА ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ

    Агрон Буџаку, поранешен македонски амбасадор во Франција е новиот директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК). Тој доаѓа на местото на Сузана Салиу, која е именувана за заменик на правобранителот Иџет Мемети. Буџаку се враќа на директорското место во ЦУК, во кое тој беше прв директор кога се формира во 2005 година.

    Во 2009 година Буџаку беше именуван за македонски амбасадор во Франција. Претседателот Ѓорге Иванов го разреши од амбасадорската функција во 2015 година.

    Предходно тој беше министер за транспорт и врски во владата предводена од Хари Костов. По оставката од премиер на Хари Костов во декември 2004 година, Буџаку беше кандидат за министер за транспорт и врски во владата Владо Бучковски. Буџаку се повлече по сопствено барање од листата на новите министри за владиниот кабинет на мандатарот Владо Бучковски.

    Како причина за повлекувањето на Буџаку од листата на министри на мандатарот Бучковски, медиумите пишуваа дека е продажбата на две илјади квадратни метри атрактивно земјште во центарот на Скопје, веднаш до плоштадот „Македонија„  со непосредна спогодба по цена од 25 евра. Буџаку тогаш тврдеше дека се законско и нема ништо спорно.Во писмото до тогашниот мандатар Бучковски,тој ги образложи причините за својата одлука:

    “Бескрупулозната кампања на бившиот премиер Хари Костов, подржан од медиумите на македонски јазик, создаде една ситуација во која јас како министер за транспорт и потпретседател на Демократската партија за интеграција, станав објект на напади”.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира