ОД ДЕНЕСКА ГРАЃАНИТЕ ПАК МОЖAT ДА ПОДНЕСУВААТ БАРАЊА ЗА ОТKУП НА ДВОРОВИТЕ

    ОД ДЕНЕСКА ГРАЃАНИТЕ ПАК МОЖAT ДА ПОДНЕСУВААТ БАРАЊА ЗА ОТKУП НА ДВОРОВИТЕНовиот рок за поднесување на барања е продолжен до 31 декември 2021 година.(Фото: СДК.МК)

    Од денеска граѓаните повторно ќе можат да поднесуваат барања за откуп на дворови и земјиштето под градени објекти, кое е во државна сопственост.

    Новиот рок за поднесување на овие барања е продолжен до 31 декември 2021 година. Измените на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост беа објавени во Службен весник на 29 јуни и тоа значи дека од денеска граѓаните ќе може да доставуваат барања за приватизација до подрачните единици на министерството. Претходно рокот за поднесување на овие барања истече на 15 декември 2014 година.

    „Изминатиот период добивме многу реакции од граѓани кои не успеале да го запазат рокот за да поднесат барање за откуп на земјиштето. Станува збор за граѓани кои живееле во странство, но и граѓани кои живеат во земјава, а не успеале да поднесат барање во рокот. Освен продолжување на рокот се пролонгираат и примените на одредбите за закуп, односно се одложува утврдување на кирија за оние кои нема да го приватизираат земјиштето“, велат од Министерство за финансии.

    Со законските измени се продолжува и рокот за поднесување пријава за промена од корисничко право во право на сопственост до 31 декември 2022 година.

    „Се продолжува и рокот за барање за промена на барателот на приватизација на градежно земјиште. На пример, ако едно лице купи објект кое се наоѓа на земјиште кое е во постапка на приватизација, со измените на законот наместо 30 ќе му стојат на располагање 60 дена за поднесување на барање за промена на барател за приватизација. Досегашната примена на законот покажала дека рокот од 30 дена е прекраток, и со оваа измена се излегува во пресрет на граѓаните“, велат од Министерството за финансии.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира