ОД ДЕНЕСКА ЌЕ ДЕЛУВАМ САМО КАКО ПРАТЕНИК НА СОЈУЗОТ НА РОМИТЕ, КАЖА АМДИ БАЈРАМ ВО СОБРАНИЕТО

    ОД ДЕНЕСКА ЌЕ ДЕЛУВАМ САМО КАКО ПРАТЕНИК НА СОЈУЗОТ НА РОМИТЕ, КАЖА АМДИ БАЈРАМ ВО СОБРАНИЕТОПред Амди Бајрам, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти пратеникот на ГРОМ Чедомир Саздовски, кој кажа дека ќе делува како независен пратеник. - Амди Бајрам (Фото: СДК.МК)

    Пратеникот Амди Бајрам на денешната собраниска седница кажа дека веќе нема да биде дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, туку ќе делува само како пратеник на Сојузот на Ромите.

    „Сакам денеска да изјавам дека до денеска сум бил како пратеник на Сојузот на Ромите во коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и од денеска ќе делувам како Сојуз на Ромите во парламентот како пратеник, благодарам“, кажа кусо Бајрам, откако побара збор процедурално.

    Претходно на седницата, констатирани беа оставките на пратениците Стево Пендаровски и Васко Ковачески, како и на министерот без ресор во владата, Самка Ибраимовски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира