ОД „ФАЈЗЕР“ НЀ ЗАМОЛИЈА ДА НЕ ОБЈАВУВАМЕ КОЛКУ ВАКЦИНИ ЌЕ ДОБИЕМЕ, ИНАКУ ТОЧНО ЗНАЕМЕ, КАЖА ФИЛИПЧЕ

    ОД „ФАЈЗЕР“ НЀ ЗАМОЛИЈА ДА НЕ ОБЈАВУВАМЕ КОЛКУ ВАКЦИНИ ЌЕ ДОБИЕМЕ, ИНАКУ ТОЧНО ЗНАЕМЕ, КАЖА ФИЛИПЧЕФилипче верува дека пред нас е еден успешен процес на имунизација. (архивска фотографија)

    Министерот за здравство Венко Филипче кажа дека точно знае колку дози вакцини против коронавирус треба Македонија да добие во февруари, март и април, но бил замолен од производителот „Фајзер“ да не открива конкретни бројки. Тој завчера кажа дека првите дози од вакцината на „Фајзер“ треба да стигнат кај нас во февруари, без да открие за колкава количина станува збор.

    „Нè замолија од компанијата да сè уште не се објавуваат дозите, инаку точно знаеме колку дози треба да стигнат во февруари и колку дози во месеците март и април. Имавме во континуитет повеќе денови изминатата недела разговори телефонски, разменувавме мејлови со компанијата ‘Фајзер’ и мислам дека тоа е една политика што успеаја да ја имплементираат заради зголемување е и на дел од нивното производство, така да водат сметка за целиот регион, и за соседните земји и верувам дека пред нас е еден успешен процес на имунизација“, кажа Филипче, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Клиничкиот центар во Скопје.

    Вакцината на „Фајзер“ беше прва одобрена за употреба во САД и Европа, а овие пратки на вакцината на „Фајзер“ за кои што зборува Филипче се од директни преговори со производителот.

    Преку Ковакс механизмот, Македонија има обезбедено 833.000 дози вакцини со кои ќе се вакцинираат 400.000 граѓани, за што се одвоени 7.9 милиони евра, но тие се очекува пристигнат подоцна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира