ОД ГОВОРНИЦА ВО „ИДРИЗОВО“ БИЛА ЈАВЕНА ЛАЖНАТА ЗАКАНА ЗА БОМБА ВО СОБРАНИЕТО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОД ГОВОРНИЦА ВО „ИДРИЗОВО“ БИЛА ЈАВЕНА ЛАЖНАТА ЗАКАНА ЗА БОМБА ВО СОБРАНИЕТО

    Синоќешната анонимна дојава за бомба во Собрането дошла од говорница во затворот Идризово, потврдија за САКАМДАКАЖАМ од Министерството за внатрешни работи (МВТР). Дополнителни информации уште не ма.
    И ноќешната дојава е лажна, утврдило МВР.
    Синоќа неколку минути по 23 часот, анонимен јавувач телефонски пријавил подметната бомба во Собранието.
    Екипи од Антитерористичката единица до раните утрински часови ја пребарувале зградата на Собранието со вкупна површина од околу 4.000 метри квадратни.
    Пребарувано било од гаражите, до покривот.
    Утрово сите вработени дошле на работа,велат за САКАМДАКАЖАМ.МК собраниските служби.
    Во моментов истрагата е преселена во затворот Идризово, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот Живко Пејковски.
    Идентитетот на јавувачот уште не е познат. Се истражува кој од затворениците станал од кревет во тоа време и ја злоупотребил телефонската говорница во затворот.
    Се испитуват и дежурните од обезбедувањето.
    Лажното пријавување е казниво со затворска казна.
    Лажна закана беше регистрирана во петокот кога пијано лице се јавило на бројот 192 и најавило дека ќе ја гранатира Владата.
    С. К. Делевска

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира