ОД ГРИП ПОЧИНАА ДВЕ ДЕЦА ОД ГОСТИВАР И КИЧЕВО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОД ГРИП ПОЧИНАА ДВЕ ДЕЦА ОД ГОСТИВАР И КИЧЕВО

    Две деца на возраст од три и четири години минатата недела починале од последици од грип на Клиниката за детски болести. Институтот за јавно здравје сопшти дека во првата недела од јануари регистритале два смртни случаи асоцирани со грип, и дека се првите смртни случи оваа сезона.
    „Се работи за деца на возраст од три и четири години, а се од Кичево и Гостивар. Тие биле хоспитализирани на Клиниката за детски болести – Скопје на одделот за интензивна нега“, стои во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.
    Од Клиниката за детски болести објаснуваат дека децата биле примени во тешка состојба, со висока температура и грчеви во мозокот, односно дека развиле енцефалит, или запаление на мозокот. На одделот за интензивна нега биле на механичка вентилација.
    Д-р Филип Дума, педијатар на одделот за неврологија на Клиниката за детски болести, вели дека едното дете е донесено од болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде претходно се лекувало од друга хронична болест, а другото од болницата во Гостивар.
    „Починати се две деца од инфекција со грип. Беа примени изминатиов период пред да почнат студовите, во извонредно тешка состојба, веднаш се прифатени и обработени, веднаш се ставени на интензивна нега и дадена е целата потребна терапија. Првото почина во рок од 24 часа од приемот, а второто во рок од пет дена“, рече д-р Дума.
    Тој објасни дека децата починале минатата недела, а дека здравствените власти доцнат со објава на информацијата, бидејќи чекале лабораториска потврда.
    „Најверојатно е потребно време додека стигне пријавата и додека се обработи материјалот. Дијагнозата што ја поставивме врз база на клиничката слика е побрза од лабораторијата. Веројатно чекале и лабораториска потврда дека причина за комликациите е грип“, рече Дума.
    Според извештајот на Институтот за јавно здравје во текот на првата недела од 2017 година пријавени се 8.067 новозаболени од грип. Во споредба со последната недела од декември кога се пријавени 9.485 случаи, минатата недела има 14.9 отсто помалку заболени од грип. Најмногу заболени регистрирани се во Скопје, Струмица, Битола и Кавадарци.
    „5.680 или 70,4 отсто од пријавените случаи се на возраст од 15-64 години, а бројот на заболени деца од 5-14 години е 946 или 11,7 отсто од вкупно заболени минатата недела. 10,7 отсто или 860 од заболените се на возраст над 65 години, а 581 или 7,2 отсто од заболените се деца на возраст од нула до четири години“, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје. .
    Оваа сезона вкупниот од грип се разболеле 23.843 со кумулативна инциденца од 1.152,3 на 100.000 жители.Од вкупниот број на регистрирани случаи на грип 15.073 случаи или 63,2% се пријавени во декември лани, 2,2% во ноември и најмал процент во октомври – 0,7%. Во јануари, за една недела се пријавени 8.067 случаи или 33,8%.
    „Епидемиолошките податоци за бројот на пријавени случаи на грип и лабораториски потврдените случаи укажуваат на ран почеток на сезоната. Неделниот број и натаму се одржува над границата на многу висока активност, прв пат по пандемската сезона 2009/2010. Оваа недела, на територија на 15 центри за јавно здравје се регистрира многу висока активност. Намалениот број на случаи во споредба со претходната недела се должи на намалениот број на случаи кај децата од 5-14 години, што може да се објасни со почетокот на зимискиот распуст. Иако зимскиот распуст на училишта може да го ублажи интензитетот на ширење на грипот, сепак се очекува високиот број на случаи да се одржува и во наредните недели“, стои во ИЗвештајот на центарот за јавно здравје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира