ОД ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ ОКОЛУ 4.000 ПОЧИНАТИ ЛИЦА

a:1:{s:9:"td_source";s:23:"Скопје(МЕТА)

    ОД ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ ОКОЛУ 4.000 ПОЧИНАТИ ЛИЦА

    Теренската проверка на околу 90.000 спорни гласачи е завршена во 90 отсто од случаите, а за податоците и за бројките, Државната изборна комисија ќе извести по паузата, која пред малку ја даде претседателот Александар Чичаковски.

    Во првиот дел од седницата беше презентиран извештајот за податоците од вкрстената проверка на избирачкиот список. ДИК побарала од избирачкиот список да се избришат околу 4.000 лица, за кои според евиденцијата на МВР и матичната евиденција е потврдено дека се починати.

    Од МВР сè уште не се докрај обработени податоците на повеќе од 100.000 лица кои се појавија како спорни по вкрстената проверка. За податоците од теренската проверка, ДИК ќе информира на вториот дел од седницата, по завршувањето на паузата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира