ОД ОСНОВАЊЕТО ДОСЕГА ВО ОЈО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ ИМА 100-150 АНОНИМНИ ПРИЈАВИ, РЕЧЕ РУСКОВСКА ЗА 380-ТЕ АНОНИМКИ ВО ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА ЗА САМО НЕКОЛКУ ГОДИНИ

    ОД ОСНОВАЊЕТО ДОСЕГА ВО ОЈО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ ИМА 100-150 АНОНИМНИ ПРИЈАВИ, РЕЧЕ РУСКОВСКА ЗА 380-ТЕ АНОНИМКИ ВО ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА ЗА САМО НЕКОЛКУ ГОДИНИРусковска кажа дека воопшто нејзиниот случај не е предистрага, туку истрага во која таа не се води како пријавена, туку како осомничена. (Фото: СДК.МК)

    Суспендираната Обвинителка за организиран криминал и корупција Вилма Русковска денеска беше сослушана во Скопското јавно обвинителство, откако Финансиска полиција ѝ поднесе кривична пријава за Злоупотреба на службената положба и овластувањата и за Фалсификување исправа, по претресот што го изврши таму.

    Русковска кажа дека колегата бил максимално коректен и професионален, а доказите и изјавата на сослушаниот сведок Арафат Муареми против неа, не била заинтересирана да ги види, прочита. Не се заинтересирала ни за извештај подготвен од обвинителката во ОЈО за организиран криминал Лиле Стефанова што било преземено во предметот против Муареми, што ѝ бил предочен на денешното сослушување, бидејќи смета дека професионално си ја вршела работата, не ги повредила со нешто законите и оти кривичната пријава против неа ќе биде отфрлена како неоснована.

    Иако се работи за приватна кривична пријава, таа била заведена во уписник за кривични дела, а не во уписник „разно“, па оттаму Русковска кажа дека таа веќе добила статус на осомничена, а не само пријавена. И, дека ова воопшто не е предистрага, туку истрага против неа.

    На прашање дали знае некоја институција во која има 380 анонимни пријави за само неколку години, што беше и причина за нејзино истражување на Финансовата полиција, таа кажа дека не познава таков пример.

    „Од основањето на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција до денес, биле поднесени 100 до 150 анонимни пријави“, кажа таа, потенцирајќи дека станува збор за голем период.

    На прашање, пак, дали инспектори и истражители од Финансовата полиција биле потпишани на секој од тие 380 анонимни пријави, дека ги работат, истражуваат и проверуваат, таа кажа:

    „Не знам, бев суспендирана и не успеав да го видам тоа“.

    Русковска одговори и дека на објавениот оглас за Обвинител, односно шеф на ОЈО за организиран криминал, таа поднела документи.

    „Очекувам колегите да ме поддржат и да гласаат за мене“, кажа Русковска.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира