ОД ПОЛНОЌ ЦЕНАТА НА ДИЗЕЛОТ СЕ ЗГОЛЕМУВА ЗА 2,5 ДЕНАРИ, НА БЕНЗИНОТ ОД 95 ОКТАНИ СЕ НАМАЛУВА ЗА ПОЛА ДЕНАР

    ОД ПОЛНОЌ ЦЕНАТА НА ДИЗЕЛОТ СЕ ЗГОЛЕМУВА ЗА 2,5 ДЕНАРИ, НА БЕНЗИНОТ ОД 95 ОКТАНИ СЕ НАМАЛУВА ЗА ПОЛА ДЕНАРЦената на Еуросупер БС-95 се намалува за пола денар односно од 84 на 83,50 денари, додека иста останува цената на Еуросупер БС-98 и е 85,50 денари. (Фото: СДК.МК)

    Од полноќ, цената на дизелот се зголемува за 2,5 денари односно од 95,5 денари на 98 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Цената на Еуросупер БС-95 се намалува за пола денар односно од 84 на 83,50 денари, додека иста останува цената на Еуросупер БС-98 и е 85,50 денари.

    „Во одлука за определување на малопродажните цени на нафтените деривати се вклучени повластената стапка на ДДВ од 10% и намалените износи на акцизите за дизелските фракции од 4 денари за литар и од 2 денари за литар за бензинските фракции. Доколку не се продолжеше времетраењето на намаленото ДДВ и не се интервенираше во акцизата, цената на бензините ќе беше повисока за 8,50 денари, а дизелот за 12 денари во однос на денешната одлука“, соопшти Регулаторната комисија.

    Со денешната одлука, малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,41% во однос на одлуката од 30 март.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира